Паралелно со развојот и подигнување на квалитетот на работа во однос на ракометната игра, организаторот на ракометниот камп „40х20“ работи на подигнување на психолошката подготовка на нашите кампери, идни спортисти и комплетни одговорни личности. За таа цел втора година на кампот во Охрид, овој пат во текот на целото времетраење на истиот, со учесниците на кампот ќе работи Д-р Кристина Егуменовска од тимот на ZAN MITREV, европско лиценциран психотерапевт, психодијагностичар, со богато меѓународно искуство во работа со млади во Словенија, САД и Италија, и секако со студенти како универзитетски професор.
Согласно развојното доба на нашите учесници, преку специјално дизајнирани игровни активности преку игра, Д-р. Егуменовска ќе работи со камперите на учење техники за релаксација, позитивна слика за себе, почитување на другите, толеранција на различности, стимулирање самодоверба и развивање на емпатија. Исто така, покрај групната работа, нашиот психолог-психотерапевт ќе биде секојдневно на располагање за повозрасните деца учесници доколку имаат потреба за индивидуална работа еден на еден на лични дилеми, прашања и проблеми кои сакаат да ги истражат и да работат на промена со стручно лице.
Со учеството на Д-р. Егуменовска на кампот во Охрид, организаторот укажува на потребата од психолошка подготовка на еден спортист, но и млада личност во насока на постигнување на врвни резултати на било кое поле, вклучувајќи го и спортот.
Како и изминатите две години, откако кампот функционира со изменет концепт, во насока поставување на безбедноста на учесниците како врвен приоритет, за учесниците на истиот, 24 часа дневно, ќе се грижи Д-р. специјалист педијатар Станислава Ангелеска, која исто така е дел од медицинскиот партнер на кампот и на проектот „Ракомет За Секое Дете“ , „Жан Митрев“ Клиника.
Се гледаме во Охрид!