Горан Ѓоргоноски од Ракомет За Секое Дете ќе биде дел од втората конференција HandballTalks

Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов “Ракомет, утре”, во организација на најпознатиот регионален портал, Балкан Хендбал со техничка поддршка на РК Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 Ноември во Нашице.
Познати имиња од просторите на поранешна држава, ќе се соберат во Нашице да продискутираат на најважните теми кои го направија овој спорт успешен и популарен изминатите години и децении.

Поканата за учество на конференцијата претставува огромна сатисфакција за нашиот млад проект, кој изминатите години создаде идентитет во сегментот на работа со деца од најмала возраст, но и обврска во најдобро светло да се претстави Македонија во регионални рамки.

Handball talks photo 2 | Ракомет за секое дете

Горан Ѓоргоноски, како координатор на проектот, ќе биде дел од еден од десетте панели, со наслов “Нови генерации – нов пристап”. На панелот на кој ќе учествува Ѓоргоноски, ќе се дискутира за условите во кои работат младите генерации во Македонија, како да се подобрат истите, но и за предизвиците кои ги носи новото време, од аспект на нови генерации на деца кои тешко влегуваат во сала, а уште потешко се задржуваат. Кои се причините и решенијата.

Повеќе информации на Веб страната на организаторот на настанот HandballTalks

Се гледаме во Нашице!

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski