РАКОМЕТОТ Е МОЈА ГОЛЕМА ЉУБОВ, УЖИВАМ КОГА СУМ НА РАКОМЕТНИОТ ТЕРЕН, НАПОРНО РАБОТАМ ЗА ДА НАУЧАМ НОВИ РАБОТИ, ДА СЕ НАДОГРАДУВАМ И УСОВРШУВАМ ВО РАКОМЕТНАТА ИГРА. НО, ИСТО ТАКА САКАМ ДА СЕ ДРУЖАМ И ЗАБАВУВАМ, ДА ЗАПОЗНАВАМ НОВИ ДРУГАРЧИЊА.
РАКОМЕТНИОТ ТЕРЕН Е МОЈОТ СВЕТ!
Со особена гордост и задоволство го најавуваме второто издание на ракометениот камп „40 Х 20“ наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 7-16 годнини, кој оваа година ќе се одржи на брегот на Охридското езеро, во Хотел „Аквалина“ во населбата Свети Стефан.
Тренинзи, едукација, дружење и забава за секое дете кое ја сака ракометната игра и има амбиции во иднина ракометот да биде спортот со кој ќе се занимава.
Кампот предвидува сегментирани тренинзи за посебни групи на деца поделени по возраст и пол, индивидуални тренинзи за надградба на ракометари/ки од 13-16 годишна возраст, часови по пливање, едукативни предавања во дел на спортска психологија и начин на исхрана за спортисти, многу дружење и забава. Едуцирани тренери специјализирани за работа со деца од најмала возраст, тренери со највисоки Мастер коуч лиценца за ракометари/ки кои имаат потреба од надградба и професори по психологија и спортска медицина, нутриционисти за комплетирање на секој спортист во комплетна личност.
Со реализација на програмата и планот за работа секој учесник на кампот, со поставување на цели и задачи, ќе го збогати, усворши и надгради своето ракометно знаење, на индивидуални и групни тренинзи и останатите активности со кои секој учесник на кампот ќе се стрекне со следните карактеристики:
– привикнување на групна работа, дисциплина, грижа за хигиена на заедничкиот простор, грижа за опремата, дисциплина при заеднички оброци;
– развивање на тимска работа, пријателски однос, вреднување на меѓусебните разлики, врденување и почитување на соиграчот и самовреднување;
– привикнување на напорна работа, на тренажен процес карактеристичен за врвни спортисти, прифаќање на победите и поразите како составен дел од спортот;
– создавање слика за моменталната состојба, вредонстите и недостатоците, но и начинот на отстранување.