Камп 40х20

Ракометниот терен е мој свет!

Ракометот е моја голема љубов, уживам кога сум на ракометниот терен. Напорно работам за да научам нови работи, да се надоградувам и усовршувам во ракометната игра.

Но, исто така сакам да се дружам и забавувам, да запознавам нови другарчиња.

Добредојдовте на официјалната страна на ракометниот камп „40х20“, кој секое лето се одржува во Охрид, покрај брегот на најубавото езеро во светот – Охридското езеро. Кампот е наменет за момчиња и девојчиња од Македонија и странство, на возраст од 7-17 години.

Шест дена тренинг, надградба, едукација, часови по пливање, кајак, разгледување на прекрасниот Охрид и многу дружење и забава за секое дете од 7-17 години. Тренинзи со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари, тренерски и играчки гости од Македонија и странство. Програмата на ракометниот камп „40 Х 20“ предвидува индивидуална работа на секој кампер со тренери кои се специјализирани за работа со деца од најрана возраст, деца на кои им е потребно поставување на правилна основа за понатамошен развој, идивидуални тренинзи со Мастер коуч тренери за надградба на техничко-тактички план и отстранување на недостатоците на секој кампер поединчно.

Се гледаме во Охрид!

Application for Camp „40х20“

    Апликација за камп „40х20“

      Контакт

      Горан Ѓоргоноски,
      координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

      (+389) 70 355 141

      info@rakometzasekoedete.mk

      Школа

      Камп „40х20“

      © 2023 Created by Maksim Sarafimovski