КОМПЛЕТНА ПОНУДА ЗА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА РАКОМЕТНИОТ КАМП „40х20“

30.06 – 05.-7.2024 година , Охрид – Република Македонија

Во периодот од 30.06 до 05.07.2024 година, на брегот на Охридското езеро, во комплексот
на хотелот „Аквалина“ во Населба Св. Стефан во Охрид ќе се одржи третото издание на
ракометниот камп „40х20“. Комплетната понуда на кампот ги опфаќа следните сегменти и
услови:

Шест дена тренинг, надградба, едукација, часови по пливање, разгледување на
прекрасниот Охрид и многу дружење и забава за секое дете од 7-16 години.

Тренинзи со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари и тренерски и играчки
гости од странство. Програмата на ракометниот камп „40 Х 20“ предивдува работа со тренери кои се специјализирани за работа со деца од најрана возраст, на кои им е потребно поставување на правилна основа за понатамошен развој, идивидуални тренинзи со Мастер коуч тренери за надградба на техничко-тактички план и отстранување на недостатоците на секој кампер поединчно.

RADE | Ракомет за секое дете
Photo 4275 | Ракомет за секое дете
Photo 5675 | Ракомет за секое дете

Сместување и тренинг програма:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид. Шест дена (полн пансион) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа и најголемиот базен е на располагање за незаборавни моменти и прекрасна местоположба.

aqualina | Ракомет за секое дете

Комплет спортска опрема за секој учесник:

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема за реализација на тренинг
програмата и опрема за во хотел.

KOMPLET OPREMA | Ракомет за секое дете

Превоз за секој учесник:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој
живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до
Охрид и назад.

Специјална исхрана за млади категории спортисти:

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на
исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на
спортот и нутриционизмот.

Предавања на врвни македонски и странски предавачи:

За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите
учесници во делот на правилна спортска исхрана, спортска психологија, спортски бон-тон,
начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.

IMG 1845 | Ракомет за секое дете
Photo 5874 | Ракомет за секое дете

Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање:

Во текот на шест дена ракометен камп, покрај двојната доза индивидуални и групни
тренизни, нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање, да се дружат, забавуваат
со деца од цела Македонија и странство, со брод да го прошетаат Охридското езеро и
запознаат најубавиот град на Балканот.

IMG 4385 | Ракомет за секое дете
Photo 4761 | Ракомет за секое дете
Photo 5950 | Ракомет за секое дете
Photo 6184 | Ракомет за секое дете

Комплет систематски преглед и медицинска поддршка:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет
медицински преглед од нашиот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“. Исто така,
за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим
од три медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на
секој учесник.

MVI 5506.00 00 31 07.Still001 | Ракомет за секое дете

Комплетно осигурување за секој учесник:

За секој учесник на кампот е обезбедено комплетно осигурување за време на одржување
на кампот во соработка со официјалната осигурителна компанија на проектот Ракомет За
Секое Дете – ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ.

Сертификат за секој учесник на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „40 Х 20“
како потврда за едно квалитетно поминато време.

Photo 6265 | Ракомет за секое дете

Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 20.300 денари со можност за плаќање на повеќе рати врз
основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четири рати важи за
пријавувување до 1 Април 2024 година и плаќањето се одвива по следниот распоред:

  • Прва рата од 6.800 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата
  • Втора рата од 4.500 денари, најдоцна до 15-ти Април 2024 година
  • Трета рата од 4.500 денари, наjдоцна до 15-ти Мај 2024 година
  • Четврта рата од 4.500 денари, најдоцна до 15-ти Јуни 2024 година.
Забелешка: Со пријавување на кампот родителот се согласува со условите на кампот. За секое откажано учество на кампот по терминот 01 Јуни ја задржуваме првата рата. Учесникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот.

За повеќе информации контактирајте не на +389 70 355 141 и на kmgsport1@mail.com.
Сите заинтересирани може да се пријават на следниот ЛИНК

Се гледаме во Охрид!

Агенција КМГ Груп Спорт,

Организатор на Ракометен камп „40×20“ и проектот Ракомет За Секое Дете

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.