КОМПЛЕТНА ПОНУДА ЗА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА РАКОМЕТНИОТ КАМП „40х20“

06 – 11 Јули 2025 година , Охрид – Република Македонија

Во периодот од 06 до 11 Јули 2025 година, на брегот на Охридското езеро, во комплексот на хотелот „Десарет“ во Охрид ќе се одржи четвртото издание на ракометниот камп „40х20“. Комплетната понуда на кампот ги опфаќа следните сегменти и услови:

Шест дена тренинг, надградба, едукација, часови по пливање, разгледување на прекрасниот Охрид и многу дружење и забава за секое дете од 7-17 години.

Тренинзи со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари и тренерски и играчки гости од странство. Програмата на ракометниот камп „40 х 20“ предивдува работа со тренери кои се специјализирани за работа со деца од најрана возраст, на кои им е потребно поставување на правилна основа за понатамошен развој, идивидуални тренинзи со Мастер коуч тренери за надградба на техничко-тактички план и отстранување на недостатоците на секој кампер поединчно.

владан 1 | Ракомет за секое дете

Сместување и тренинг програма

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Десарет“ – Охрид. Шест дена (5 полни пансипни), на прекрасна местополжба, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа и базен е на располагање за незаборавни моменти.

Комплет спортска опрема за секој учесник на кампот

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема за реализација на тренинг програмата и опрема за во хотел и слободни активности.

KOMPLET OPREMA 1024x610 1 | Ракомет за секое дете

Превоз за секој учесник:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.

Специјална исхрана за млади категории спортисти

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на  исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.

Предавања на врвни македонски и странски предавачи

За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана, спортска психологија, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.

Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање и кајак

Во текот на шест дена ракометен камп, покрај двојната доза индивидуални и групни тренизни, нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање, да се дружат, забавуваат со деца од цела Македонија и странство, со брод да го прошетаат Охридското езеро и запознаат најубавиот град на Балканот.

ohrid | Ракомет за секое дете

Комплет систематски преглед и медицинска поддршка:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“.  Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник.

Комплетно осигурување за секој учесник:

За секој учесник на кампот е обезбедено комплетно осигурување за време на одржување на кампот во соработка со официјалната осигурителна компанија на проектот Ракомет За Секое Дете – ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ.

Сертификат за секој учесник на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „40х20“, како спомен и потврда за едно квалитетно поминато време.

сертификат 4 1 | Ракомет за секое дете

Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 22.000 денари со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на пет рати важи за пријавувување до 15 Март 2025 година и плаќањето се одвива по следниот распоред:

Прва рата во износ од 6.000 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата

Втора рата во износ од 4.000 денари, од 1-ви до 5-ти Април 2025 година

Трета рата во износ од 4.000 денари, од 1-ви до 5-ти Мај 2025 година

Четврта рата во износ од 4.000 денари, од 1-ви до 5-ти Јуни 2025 година.

Петта рата во износ од 4.000 денари, од 1-ви до 5-ти Јули 2025 година.

Забелешка: Со пријавување на кампот родителот се согласува со условите на кампот. За секое откажано учество на кампот по терминот 01 Мај ја задржуваме првата рата. Имајќи предвид огромниот интерес за учество на кампот минатата година и најавите за овогодинешното издание, би сакале да потенцираме дека секој учесник на кампот своето место за учество официјално го потврдува со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот. Доколку не се направи навремена уплата на првата рата, во предвидениот рок, организаторот не гарантира околу обезбедување на место за учество на кампот.

За повеќе информации контактирајте не на +389 70 355 141 Горан Ѓоргоноски и на kmgsport1@mail.com. Сите заинтересирани за учество на кампот може да се пријават на следниот линк

Се гледаме во Охрид!

КМГ Груп Спорт,

Организатор на ракометниот камп „40х20“ и на проектот „Ракомет За Секое Дете“

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.