
Шест дена ракомет, едукација, дружење и забава во прекрасниот Охрид:
Шест дена тренинг, надградба, едукација, часови по пливање, разгледување на прекрасниот Охрид и многу дружење и забава за секое дете од 7-16 години. Тренинзи со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари и тренерски и играчки гости од странство.Програмата на ракометниот камп „40 Х 20“ предивдува работа со тренери кои се специјализирани за работа со деца од најрана возраст, на кои им е потребно поставување на правилна основа за понатамошен развој, идивидуални тренинзи со Мастер коуч тренери за надградба на техничко-тактички план и отстранување на недостатоците на секој кампер поединчно.

Сместување и трениг програма:
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид.
Шест дена (полн пансион) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба.

Спортска опрема за секој учесник:
Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема за реализација на тренинг програмата и опрема за во хотел.

Превоз за секој учесник:
Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад
Специјална исхрана за млади категории спортисти:
За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.
Предавања на врвни македонски и странски предавачи:
За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана, спортска психологија, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.
Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање
Во текот на шест дена ракометен камп, покрај двојната доза индивидуални и групни тренизни, нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање, да се дружат, забавуваат со деца од цела Македонија и странство, со брод да го прошетаат Охридското езеро и запознаат најубавиот град на Балканот.
Комплет систематски преглед и медицинска поддршка:
Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од три медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник.
Осигурување за секој учесник:
Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот.
Сертификат за учество на кампот:
Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „40 Х 20“ како потврда за едно квалитетно поминато време.
Цена и услови на плаќање:
Цената за учество на кампот е 18.500 денари со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четири рати важи за пријавувување до 1 Април 2023 година и плаќањето се одвива по следниот распоред:
- Прва рата од 6.500 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата
- Втора рата од 4.000 денари, најдоцна до 15-ти Април 2023 година
- Трета рата од 4.000 денари, наjдоцна до 15-ти Мај 2023 година
- Четврта рата од 4.000 денари, најдоцна до 15-ти Јуни 2023 година.
Забелешка: Со пријавување на кампот родителот се согласува со условите на кампот. За секое откажано учество на кампот по терминот 15 Мај ја задржуваме првата рата. Учесникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот.
За повеќе информации контактирајте не на +389 70 355 141 и на kmgsport1@gmail.com. Сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк
Се гледаме во Охрид!
Агенција КМГ Груп Спорт,
Организатор на Ракометен камп „40×20“