Со реализација на програмата и планот за работа секој учесник на кампот, со
поставување на цели и задачи, ќе го збогати, усоврши и надгради своето
ракометно знаење, на индивидуални и групни тренинзи и останатите
активности со кои секој учесник на кампот ќе се стекне со следните
карактеристики:
- привикнување на групна работа, дисциплина, грижа за хигиена на
заедничкиот простор, грижа за опремата, дисциплина при заеднички
оброци; - развивање на тимска работа, пријателски однос, вреднување на
меѓусебните разлики, вреднување и почитување на соиграчот и
самовреднување; - привикнување на напорна работа, на тренажен процес карактеристичен за
врвни спортисти, прифаќање на победите и поразите како составен дел од
спортот; - создавање слика за моменталната состојба, вредностите и недостатоците,
но и начинот на отстранување.
ИНДИВИДУАЛНИ ТРЕНИНЗИ ПО ПОЗИЦИИ ВО РАКОМЕТОТ:
Голмани: проверка на состојбата, голмански став, движење по голот и
поставување, техника на бранење, фрлање топка во контранапад, соработка
со соиграчите во одбранбена зона.
Пивоти: Заземање став и позиција, прием на топка, движење, шут со пад,
излез од зона за прием на топка, блокада и деблокада, соработка со бекови
и останати соиграчи, шутирање на гол.
Бекови: Видови залет на гол, видови на проигрувања на бекови, пивоти и
крила, финтирање, шутирање на гол од чекор, скок-шут од прв, втор и трет
чекор.
Крила: Основни движења, скок-шут спрема гол на различни начини,
финтирање, втрчување на линија на 6м, шутирање на гол после вкрстување
со бек.
ГРУПНИ И ТИМСКИ ТРЕНИНЗИ:
- Додавање, прием и водење на топка, групен напад и контранапад, техника
на движење на напад на гол и негови фази, брзина на проток на топка и
правовремено проигрување, користење на блокови, вкрстување,
претрчување без топка, соработка со бекови, соработка со бекови и крила,
создавање играч повеќе итн. - Игра со играч повеќе, игра со играч помалку, игра без голман.
- Одбранбен став, дуел игра, покривање простор во зона, преземање играч,
блокирање на шут, прекин на контранапад. - Одбранбени формации 6-0, 5-1, 3-2-1 и напад на истите.
- Играње против агресивни зони.
- Брз центар.
РАСПОРЕД НА АКТВНОСТИ НА КАМПОТ:
- Прием и сместување на учесниците на Кампот;
- Запознавање со планот и програмата на работа, распоред на активности на
дневна основа, начин на живот и работа, правилно однесување, начин на
комуникација и решавање на проблеми – здравствени, приватни и други; - Тестирање и формирање на групите за тренинг според возраст и
ракометно искуство; - Дневен распоред на активности:
- 7.00 ч будење
- 7.30 ч појадок
- 8.00 ч индивидуални и групни тренинзи
- 11.00 ч базен и часови по пливање (за почетници)
- 12.30 ч предавања за здрава храна, здрав начин на живот и спортска
психологија - 13.30 ч ручек
- 14.00 – 16.00 ч задолжителен одмор
- 16.30 ч групни и индивидуални тренизни
- 19.30 ч вечера
- 20.30 ч забавни активности и слободно време
- 23.00 ч спиење