Формулар за пријавување:

Доколку вашето дете нема здравствени проблеми или алергии напиште „Нема“, во спротивно Ве молиме наведете ги истите.
Оставениот контакт телефон треба да биде активен на апликација Viber.
По пратената пријава учесникот на кампот ќе добие информација на email адресата која е наведена за контакт.
Да се наведе која позиција ја игра ракометарот/ракометарката на ракометниот терен.
Родителот има обврска да обезбеди превоз за своето дете – учесникот до договореното место за тргнување и да го пречека по завршување на кампот.
• Да уплати договорената сума за кампот од 18.500 денари денари на жиро сметка на агенцијата „КМГ Груп Спорт“ со можност за плаќање на четири рати и тоа: 1. Првата рата 7 (седум) дена по пријавувањето преку пополнување на формуларот; 2. Втората рата најдоцна до 15 Април 2023; 3. Третата рата најдоцна до 15 Мај 2023; 4. Четвртата рата најдоцна до 15 Јуни 2023.
• Да обезбеди превоз за своето дете – учесникот до договореното место за тргнување и да го пречека по завршување на кампот,
• Да гарантира за точноста на податоците со кои е пополнет формуларот,
• Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите како и во слободното време, а ти се: Во случај учесникот на кампот да не се приддржува кон правилата на однесување на кампот, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот. 2. Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од кампот со што претходно ќе го извести родителот за таквата постапка,
• Условите се однесуваат за ракометниот камп „40Х20“ кој оваа година ќе се одржи од 02 – 07 Јули 2023 година во Охрид,
• Матерјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на кампот за правење на прилози се исклучива сопственост на КМГ Груп Спорт како организатор и може да ги употребуваат во маркетиншки цели за потребите на кампот и партнерите на кампот, а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот,
• Доколку дојде до откажување на кампот по вина на организаторот, истиот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на учесникот на кампот,
• Доколку дојде до откажување на кампот поради виша сила (временска непогода, воена или вондредна состојба и сл.), организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на секој учесник на кампот,
• Доколку родителот или учесникот го откаже своето учество на кампот од било која причина по истекот на рокот за пријавување (15 Мај 2023 година), организаторот има право да задржи 30 % од вкупниот износ за учество на кампот, а родителот се согласува со тоа.

КМГ Груп Спорт
Организатор на ракометниот камп „40Х20“