Проектот „Ракомет за Секое Дете“ со поддршка од Шпаркасе Банка: Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Шпаркасе Банка, преку својата платформа Sparkasse Life, во соработка со својот партнер, проектот „Ракомет За Секое Дете“, преку школата за ракомет „Топка“, во претстојниот период, преку проектот „Поддршка за Секое Дете“ ќе овозможи на 20 деца од социјално ранливи категории бесплатно да го практикуваат ракометот и да ги посетуваат тренинзите на школата за ракомет во Скопје и Велес.

„Ракомет За Секое Дете“ е проект кој покрај големата посветеност и ангажманот во спортските сали, во работата со деца од 6 до 12 годишна возраст, бара и професионален пристап во организација на целиот проект, почувајќи со школите за ракомет каде што имаме повеќе од 250 дечиња учесници во два града, Скопје и Велес. Ќе ги споменам и „Јуниор куп“ – турнирите во мини ракомет и ракометниот камп „40х20“ кои се наши значајни настани. Токму затоа, сме исклучително благодарни на поддршката од страна на Шпаркасе Банка, како банка која има изградено свест за поддршка на ваков тип на проекти од општо добро. Особено сме благодарни за учеството во проектот кој е од исклучителна важност, каде што 20 деца кои потекнуваат од семејства кои се во социјален ризик, ќе имаат можност да се запознаат со ракометот и да го откријат својот афинитет и потенцијал“. – изјави Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

IMG 4098 1 | Ракомет за секое дете

Проектот „Поддршка за секое дете“ и Шпаркасе Банка ја најавуваат соработката водени од нивната заедничка мисија: обезбедување услови за развој на ракометот и спортот кај најмладата популација, овозможување младите да го практикуваат спортот како важна алка од понатамошниот развој и создадавање нова генерација на здрави, активни и мотивирани млади луѓе. Проектот е од големо значење бидејќи дава поддршка на младите, коишто немаат пристап до вакви можности. Под платформата Sparkasse Life, Шпаркасе Банка ја пренесува пораката до сите да веруваат во иднината, да веруваат во себе и да се надградуваат, а со тоа да ја движат заедницата напред.

„Со оваа поддршка, Шпаркасе Банка не само што инвестира во спортот, туку и во иднината на нашата заедница, а преку стимулирање на развојот на младите таленти, се создаваат услови за нивна успешна интеграција во општеството. Како Банка која ја почитува работата и визијата која ја имаат проектите „Ракомет За Секое Дете“ и „Поддршка за секое дете“, многу сме радосни што на децата кои потекнуваат од социјално ранливи семејства ќе им пружиме поддршка и можност да го практикуваат ракометот и да го откријат афинитетот кон еден од најуспешните спортови во државата. Со тоа сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и со ентузијазам да почнат да го практикуваат спортот како важен сегмент од сопствениот развој.“ – изјави Ивана Петревска, Директор на Дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

IMG 4616 | Ракомет за секое дете

Повик за учество:             
Сите заинтересирани родители на деца до 12 години, кои се корисници на Социјална парична помош и сакаат да ги вклучат своите деца во проектот „Поддршка за секое дете“, можат да се информираат и пријават на контакт телефон +389 70 355 141 или преку е-пошта на kmgsport1@gmail.com.

КМГ Груп Спорт

Организатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“

cover skola | Ракомет за секое дете

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski