Услови и правила

Услови и правила за учество на Ракометен камп „40х20“ – Јуни / Јули 2024

Агенција за спортски маркетинг, менаџмент и консалтинг „КМГ Груп Спорт“ , Бул. „Јане Сандански“ бр. 7/2 локал 18 1000 Скопје, Претставувана од Горан Ѓоргоноски се обврзува на следните услови, за секој учесник на кампот:
– 6 (шест) дена и 5 (пет) полни пансиони во „Хотел Аквалина“ Охрид, хотел од висока категорија;
– Комплет опрема за секој учесник за тренинг и опрема за меѓу тренинзи;
– Медицинска поддршка 24/7 за време на одржување на кампот која ќе ја спроведува медицински тим од Клиника „Жан Митрев“;
-Комплет осигурување со нашиот партнер ТРИГЛАВ Осигурување, за секој учесник на кампот,
– Комплетна тренинг програма за време траење на кампот, специјална спортска
исхрана за млади спортисти, како и останати едукативни активности (предавања,
советувања итн) вон тренажниот процес.


Услови и обврски на секој учесник на кампот и неговите родители:
– Да уплати договорената сума за кампот од 20.300 денари денари на жиро сметка на организаторот на кампот, Агенцијата КМГ Груп Спорт, со можност за плаќање на четири рати и тоа: 1. Првата рата 7 (седум) дена по пријавувањето преку пополнување на формуларот; 2. Втората рата најдоцна до 15 Април 2024; 3. Третата рата најдоцна до 15 Мај 2024; 4. Четвртата рата најдоцна до 15 Јуни 2024;
– Да обезбеди превоз за своето дете – учесникот до договореното место за
тргнување и да го пречека по завршување на кампот;
– Да гарантира за точноста на податоците со кои е пополнет формуларот;
– Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите како и во слободното време, а ти се: Во случај учесникот на кампот да не се приддржува кон правилата на однесување на кампот, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот. 2. Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од кампот со што претходно ќе го извести родителот за таквата постапка;
– Условите се однесуваат за ракометниот камп „40Х20“ кој ќе се одржи од 30.06 –
05.06 2024 година во Охрид;
– Матерјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на кампот за правење на
прилози се исклучива сопственост на КМГ Груп Спорт како организатор и може да ги употребуваат во маркетиншки цели за потребите на кампот и партнерите на кампот, а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот;
– Доколку дојде до откажување на кампот по вина на организаторот, истиот е
должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на учесникот на
кампот;
– Доколку дојде до откажување на кампот поради виша сила (временска непогода, воена или вондредна состојба и сл.), организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на секој учесник на кампот;
– Доколку родителот или учесникот го откаже своето учество на кампот од било која причина по истекот на рокот за пријавување (15 Мај 2023 година), организаторот има право да задржи 30 % од вкупниот износ за учество на кампот, а родителот се согласува со тоа.

КМГ Груп Спорт Дооел Скопје
Организатор на ракометниот камп „40Х20“  и проектот Ракомет За Секое Дете
Контакт: +389 70 355 141 (Горан Ѓоргоноски)
Скопје, 01.02.2024 година

Terms of Participation at the Handball Camp 40x20 – June / July 2024

The agency of sports marketing, management, and consulting, KMG Group Sport, Bul. „Jane Sandanski“ 7/2 lok.18, 1000 Skopje, represented by Goran Gjorgonoski, is obliged to provide the following conditions for all camp participants:
– 6 (six) days full board accommodation in Hotel “Aqualina” Ohrid, a high category hotel;
– Full training equipment and in-between training session equipment for all participants;
– 24/7 Medical support in the camp by a medical team from “Zan Mitrev” Clinic;
– Full insurance coverage for every participant from Triglav insurance;
– Complete training program for the camp, special sports diet for young sports players, and educational activities (lectures, counsel, etc.) out of the training sessions;

Terms and conditions for all camp participants and their parents:
– To pay the set camp fee of 330$ to the gyro account of the Agency KMG Sport due to 1 June 2024;
– To provide transport for their child (participant) to the camp location;
– To guarantee the information accuracy in the application;
– To adhere to the rules of conduct on the training sessions and the ones in the free time which are: 1. If the participant does not adhere to the rules of conduct in the camp, and thereby violates the discipline among the other participants, KMG Sports, as an organizer, reserves the right to warn the participant and inform the parent. 2. After the warning, if the participant does not correct their conduct, the organizer has the right to remove the participant of the camp by which they shall first inform the parent about the procedure;
– The terms and conditions apply for the Handball Camp 40×20 which is going to be held from June 30 – 05 July 2024 in Ohrid;
– The materials (photographs and videos) that will be produced at the camp for making promo materials are exclusive property of KMG Sport which, as an organizer, can use them as marketing tools thus with a full agreement and approval of the parent;
– If the camp is canceled by the fault of the organizer, the organizer is obliged to fully
return the participation fee to the parent of the participant;
– If the camp is canceled due to a force majeure (bad weather conditions, military, or
emergency, etc.), the organizer is obliged to fully repay the participation fee to the
parent of the participant;
– If the parent or the participant cancels their participation on the camp of any reason
after the expiration of the application deadline (1 June, 2024), the organizer has the
right to keep 30% of the total camp participation fee with a parent consent.

BIN: 7029543 24a 50-th Division Street www.kmgsport.mk
TIN: MK4080015550994 1000 Skopje info@kmgsport.mk
Macedonia
Halkbank Macedonia 270-0702954301.16
KMG Sport Group Dooel Skopje, Republic of Macedonia
Organizer of the Handball camp „40×20“ and the project „Handball for Every Child“
Skopje, 02.02.2024

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski