Услови и правила
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ШКОЛА ЗА РАКОМЕТ – ТОПКА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“
Почитуван/а,
Пред да испратиш пријава за учество на Вашето дете во школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот Ракомет За Секое Дете, внимателно прочитај ги условите и правилата на истата.
ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА РАКОМЕТАРОТ
Доколку кај членот на школата има констатирано алергија на нешто, болест или претходни повреди, родителот/старателот е должен да го информира тренерот за истата.
РЕДОВНОСТ
– Сите членови на школата треба редовно да ги посетуваат тренинзите по ракомет,
– Родителот / старателот е должен да го информира тренерите за евентуално отсуство на детето,
– Родителот/старателот е должен да го информира тренерот за испишување на своето дете од школата,
– Доколку се работи за подолго отсуство (две или повеќе недели), родителот е должен да донесе документ – потврда од лекар. Без соодветна потврда, родителот е должен да ја подмири целосната членарина за тековниот месец.
ТРЕНИНГ И ПРОТОКОЛ
– Членот на школата треба да носи спортска опрема, заради флексибилни вежби и непречено движење на тренингот. Задолжително чисти патики наменети само за тренинг. Членовите со нечисти патики ќе бидат отстранети.
– Носење шишенце со вода за освежување и надоплнување на потрошената течност за
времетраење на тренингот.
– На тренинзите учествуваат исклучиво здрави членови, не е дозволено присуство со настинка, течење нос, кашлица и слично.
– Мобилните телефони задолжително да бидат оставени во гардероба. Забрането е користење за време на тренингот.
– Секој член на школата е должен да се грижи за одржување на хигиената во гардеробата, ходникот, тоалетот и салата за тренинг.
– Родителот е согласен организаторот и партнерите на проектот да објавуваат фото и видео материјали од членот на школата од тренизите, натпреварите и настаните поврзани со проектот, на социјалните медиуми и на нивните Веб страни.
ЧЛЕНАРИНА
– Родителот/старателот на членот на школата, навремено ќе добие информација за висината на членарината на месечно ниво.
– Членарината се уплаќа однапред, до 10-ти за тековниот месец.
– Доколку членот на школата отсуствува од тренажен процес еден или повеќе месеци, поради сериозна повреда или болест, истиот нема обврска да плаќа членарина за периодот кој отсуствувал. Во секој друг случај родителот е обврзан да ја уплати членарината во полн износ.
– Уплатата се врши на трансакциска сметка 270 070 295 430 213 ХАЛКБАНК АД Скопје (КМГ ГРУП СПОРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ, ШКОЛА ЗА РАКОМЕТ), цел на дознака: ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, ОПШТИНА и МЕСЕЦ ЗА КОЈ СЕ УПЛАЌА.
ЈУНИОР КУП – ТУРНИРСКИ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРИ
– Членовите од школата за ракомет во текот на учебната година играат во организиран систем на натпревари, ЈУНИОР КУП, лига во мини ракомет организирана за членовите од школата. Учеството на натпреварите ќе придонесе за побрз развој, социјализација, развивање на натпреварувачки дух и создавање незаборавни спомени.
ОПРЕМА ЗА ТРЕНИНГ И НАТПРЕВАР
– Секој член на школата бесплатно добива маичка со лого на школата од страна на организаторот. Членот на школата може да нарача доплнителна маичка, по цена од 400 денари,
– Организаторот на школата во текот на сезоната ќе понуди дополнителна опрема (тренерки, дресови, ранец) која е необврзителна и дополнително се наплаќа,
Со пополнување и испраќањето на оваа пријава потврдувам дека моето дете е физички подготвено и способно да ги посетува тренинзите и натпреварите во школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, се согласувам со горенаведените правила и се обврзувам редовно да ја подмирувам месечната членарина до моментот на прекинување* со тренинзи.
*Родителот треба навремено да го информира тренерот или координаторот на школата за престанок со тренинзи на членот на школата, преку Вибер или СМС порака.
Спортски поздрав,
Горан Ѓоргоноски (070/355-141)
Координатор на проектот
РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
Школа за ракомет – ТОПКА Скопје, Република Македонија, Септември 2023 година
КМГ ГРУП СПОРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Бул. Јане Сандански бр. 7/2 локал 18