
Агенцијата за спортски маркетинг, менaџмент и консалтинг „КМГ Груп Спорт Дооел“ Скопје, Бул. „Јане Сандански“ бр. 7/2 локал 18 1000 Скопје, Преставувана од Горан Ѓоргоноски се обврзува на следните услови, за секој учесник на кампот „40Х20“:
- 5 (пет) полни пансиони во „Хотел Аквалина“ Охрид, хотел од висока категорија;
- Комплет опрема за секој учесник за тренинг и опрема за меѓу тренинзи;
- Обезбеден превоз за секој учесник на кампот од договореното место до Охрид и назад;
- Медицинска подршка 24/7 за време на одржување на кампот;
- Комплет осигурување за секој учесник на кампот,
- Комплетна тренинг програма за време траење на кампот, специјална спортска исхрана за млади спортисти, како и останати едукативни активности (предавања, советувања итн) вон тренажниот процес.

Услови и обврски на секој учесник на кампот и неговите родители:
- Да уплати договорената сума за кампот од 18.500 денари денари на жиро сметка на агенцијата „КМГ Груп Спорт“ со можност на четири рати и тоа: 1. Првата рата 7 (седум) дена по пријавувањето преку пополнување на формуларот; 2. Втората рата најдоцна до 15 Април 2023; 3. Третата рата најдоцна до 15 Мај 2023; 4. Четвртата рата најдоцна до 15 Јуни 2023.
- Да обезбеди превоз за своето дете – учесникот до договореното место за тргнување и да го пречека по завршување на кампот,
- Да гарантира за точноста на податоците со кои е пополнет формуларот,
- Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите како и во слободното време. Во случај учесникот на кампот да не се приддржува кон правилата на однесување на кампот, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот. Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од кампот со што претходно ќе го извести родителот за таквата постапка,
- Условите се однесуваат за ракометниот камп „40Х20“ кој оваа година ќе се одржи од 02 – 07 Јули 2023 година во Охрид,
- Матерјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на кампот за правење на прилози се исклучива сопственост на КМГ Груп Спорт како организатор и може да ги употребуваат во маркетиншки цели за потребите на кампот и партнерите на кампот, а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот,
- Доколку дојде до откажување на кампот по вина на организаторот, истиот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на учесникот на кампот,
- Доколку дојде до откажување на кампот поради виша сила (временска непогода, воена или вондредна состојба и сл.), организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на секој учесник на кампот,
- Доколку родителот или учесникот го откаже своето учество на кампот од било која причина по истекот на рокот за пријавување (15 Мај 2023 година), организаторот има право да задржи 30 % од вкупниот износ за учество на кампот, а родителот се согласува со тоа,.
КМГ Груп Спорт,
Организатор на ракометниот камп „40Х20“