Школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“ викендов со турнир во мини ракомет го прослави 3-тиот роденден. Повеќе од 250 момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 12 години, членови на нашата школа од повеќе општини на ниво на Град Скопје и Општина Велес, поделени по возраст и ракометно иксуство во четири категории одиграа 28 натпревари, се дружеа, забавуваа, дуваа свеќички и ја пробаа роденденската торта.
Турнирот со работно име „Торта За Секое Дете“ е во рамките на Јуниор Куп натпреварувањето, уште еден сегмент од проектот „Ракомет За Секое Дете“ и е наменет за членовите на нашата школа.

До крајот на календарската година, предвидено е да се одржи уште еден турнир во мини ракомет, „Пакетче За Секое Дете“,на кој покрај многу ракомет, дружење и забава, секое дете ќе добие специјално направено пакетче со новогодишен календар и подароци од нашите партнери Шпаркасе Банка, Алпско, Ладна, Триглав и „Жан Митрев“ Клиника.
Неколку фотографии од настанот:







Се гледаме во сала!
КМГ Груп Спорт
Организатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“