Услови и правила

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ШКОЛА ЗА РАКОМЕТ – ТОПКА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“

Почитуван/а,

Пред да испратиш пријава за учество на Вашето дете во школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот Ракомет За Секое Дете, внимателно прочитај ги условите и правилата на истата.

ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА РАКОМЕТАРОТ
Доколку кај членот на школата има констатирано алергија на нешто, болест или претходни повреди, родителот/старателот е должен да го информира тренерот за истата. Родителот е должен да му направи преглед на своето дете, со цел утврдување на моменталната состојба на своето дете, и доколку има некаков проблем да го информира тренерот или координаторот. Организаторот на школата ќе понуди можност за преглед преку својот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“, како необврзителна можност. 

РЕДОВНОСТ
– Сите членови на школата треба редовно да ги посетуваат тренинзите по ракомет,
– Родителот / старателот е должен да го информира тренерите за евентуално отсуство на детето,
– Родителот/старателот е должен да го информира координаторот на школата Горан Ѓоргоноски (070/355-141) за испишување на своето дете од школата, преку порака на Вибер или СМС,
– Доколку се работи за подолго отсуство (еден или повеќе месеци) поради здравствена состојба, родителот е должен да го информира координаторот на школата, исклучиво преку порака на Вибер и СМС. Во спортивно, должен е да ја плати членарината за учество во школата.

ТРЕНИНГ И ПРОТОКОЛ
– Членот на школата треба да носи спортска опрема, заради флексибилни вежби и непречено движење на тренингот. Задолжително чисти патики наменети само за тренинг. Членовите со нечисти патики ќе бидат отстранети.
– Носење шишенце со вода за освежување и надоплнување на потрошената течност за
времетраење на тренингот.
– На тренинзите учествуваат исклучиво здрави членови, не е дозволено присуство со настинка, течење нос, кашлица и слично.
– Мобилните телефони задолжително да бидат оставени во гардероба. Забрането е користење за време на тренингот.
– Секој член на школата е должен да се грижи за одржување на хигиената во гардеробата, ходникот, тоалетот и салата за тренинг.
– Родителот е согласен организаторот и партнерите на проектот да објавуваат фото и видео материјали од членот на школата од тренизите, натпреварите и настаните поврзани со проектот, на социјалните медиуми и на нивните Веб страни.

ЧЛЕНАРИНА
– Родителот/старателот на членот на школата, навремено ќе добие информација за висината на членарината на месечно ниво.
– Членарината се уплаќа однапред, до 10-ти за тековниот месец,
– Доколку членот на школата отсуствува од тренажен процес еден или повеќе месеци, поради сериозна повреда или болест, истиот нема обврска да плаќа членарина за периодот кој отсуствувал,

– Доколу членот на школата одржи еден тренинг во текот на месецот, родителот е должен да ја подмири комплетната висина на членарина,
– Уплатата се врши на трансакциска сметка 250-0101026495-36 (Шпаркасе банка АД Скопје)

(КМГ ГРУП СПОРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ, ШКОЛА ЗА РАКОМЕТ), цел на дознака: ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ЧЛЕНОТ НА ШКОЛАТА, ОПШТИНА и МЕСЕЦ ЗА КОЈ СЕ УПЛАЌА.

ЈУНИОР КУП – ТУРНИРСКИ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРИ
– Членовите од школата за ракомет во текот на учебната година играат во организиран систем на натпревари, ЈУНИОР КУП, лига во мини-ракомет, организирана за членовите од школата. Учеството на натпреварите ќе придонесе за побрз развој, социјализација, развивање на натпреварувачки дух и создавање незаборавни спомени.

ОПРЕМА ЗА ТРЕНИНГ И НАТПРЕВАР
– Секој член на школата бесплатно добива маичка со лого на школата од страна на организаторот. Членот на школата може да нарача доплнителна маичка, по цена од 400 денари,
– Организаторот на школата на стартот на сезоната ќе го информира родителот за условите за учество на Јуниор куп – турнирски систем на натпревари во мини-ракомет. Учеството на Јуниор куп не е обврзително, и е со согласност од родителот.

Со пополнување и испраќањето на оваа пријава потврдувам дека моето дете е физички подготвено и способно да ги посетува тренинзите и натпреварите во школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, се согласувам со горенаведените правила и се обврзувам редовно да ја подмирувам месечната членарина до моментот на прекинување* со тренинзи.

*Родителот треба навремено да го информира координаторот на школата за престанок со тренинзи на членот на школата, преку Вибер или СМС порака.

Спортски поздрав,
Горан Ѓоргоноски (070/355-141)
Координатор на проектот
РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Школа за ракомет – ТОПКА Скопје, Република Македонија, 

Септември 2025 година
КМГ ГРУП СПОРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Бул. Јане Сандански бр. 7/2 локал 18

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.