Услови и правила
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ШКОЛОТО ЗА РАКОМЕТ ТОПКА И ЈУНИОР КУП ТУРНИРИТЕ
Почитувани родители/старатели,
Пред да ја испратите пријавата за учество на Вашето дете во Школото за ракомет ТОПКА, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, Ве молиме внимателно да ги прочитате условите и правилата за учество.
Со пополнување и испраќање на пријавата потврдувате дека сте запознаени со условите наведени подолу и дека се согласувате со нив.
- ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА ЧЛЕНОТ
- Доколку кај членот на школата постои утврдена алергија, хронична или друга здравствена состојба, претходна повреда или друг медицински податок кој може да биде значаен за учеството во тренажниот процес, родителот/старателот е должен навремено да го информира тренерот и/или координаторот на школата.
- Родителот/старателот е одговорен за следење на здравствената состојба на детето и, доколку постои здравствен проблем или ограничување за физичка активност, должен е навремено да го информира тренерот и координаторот.
- Организаторот на школата ќе понуди можност за превентивен медицински преглед преку својот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“, како доброволна и необврзителна можност.
- РЕДОВНОСТ И ОТСУСТВА
- Сите членови на школата се очекува редовно да ги посетуваат тренинзите.
- Родителот/старателот е должен навремено да го информира тренерот за отсуство на детето.
- При одлука за прекин на членството и испишување на детето од школата, родителот/старателот е должен навремено да го информира координаторот на школата, Горан Ѓоргоноски (070/355-141), преку Вибер или СМС порака.
- Доколку детето отсуствува подолг период, односно еден или повеќе месеци, поради здравствена состојба, повреда или друга оправдана причина, родителот/старателот е должен навремено да го информира координаторот на школата преку Вибер или СМС порака.
- За оправдано отсуство поради сериозна повреда или болест, членарината не се наплаќа за периодот во кој детето не учествува во тренажниот процес, под услов родителот/старателот навремено да го информира координаторот.
- ТРЕНИНГ И ПРОТОКОЛ
- Членот на школата е должен да носи соодветна спортска опрема која овозможува непречено движење и изведување на вежбите.
- Задолжително е носење чисти спортски патики наменети исклучиво за користење во спортската сала. Членовите кои немаат соодветни и чисти патики нема да можат да учествуваат на тренингот.
- Секој член треба да носи шишенце со вода за време на тренингот.
- На тренинзите не треба да присуствуваат деца со симптоми на настинка, кашлица, покачена телесна температура или други симптоми на заразна болест. Во интерес на здравјето на сите членови, детето треба да се врати на тренинг кога ќе биде здраво.
- Мобилните телефони треба да бидат оставени во гардеробата и нивното користење за време на тренингот не е дозволено, освен во итни случаи и со дозвола од тренерот.
- Секој член е должен да се грижи за хигиената и за одржувањето на просториите што ги користи школата, вклучително и гардеробата, ходниците, тоалетите и спортската сала.
- Родителот/старателот се согласува организаторот и партнерите на проектот да фотографираат и снимаат видео материјали на активности поврзани со проектот, вклучително тренинзи, натпревари и настани, и истите да ги користат за информативни, промотивни и маркетиншки цели на проектот, организаторот и партнерите, преку нивните веб-страници и социјални медиуми.
- ЧЛЕНАРИНА – УСЛОВИ И НАЧИН НА УПЛАТА
- Родителот/старателот навремено ќе биде информиран за висината на месечната членарина.
- Членарината се уплаќа најдоцна до 10-ти во тековниот месец.
- Доколку членот на школата отсуствува еден или повеќе месеци поради сериозна повреда или болест, нема обврска за плаќање членарина за периодот во кој не учествува во тренажниот процес, под услов отсуството да биде навремено пријавено кај координаторот.
- Доколку членот на школата учествува на најмалку еден тренинг во текот на месецот, се плаќа целосниот износ на месечната членарина.
- Уплатата се врши на трансакциска сметка:
250010302600195 – Шпаркасе банка АД Скопје
Примач: Ракометен клуб ТОПКА
Цел на дознака:
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ЧЛЕНОТ – ОПШТИНА – МЕСЕЦ ЗА КОЈ СЕ УПЛАЌА
- ЈУНИОР КУП – ТУРНИРСКИ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРИ
- Во текот на учебната година, членовите на школото имаат можност да учествуваат во организиран систем на натпревари ЈУНИОР КУП, во формат на мини-ракомет.
- Јуниор куп е наменет за членовите на школото и има за цел преку натпреварување да придонесе за развојот на ракометните вештини, социјализацијата, тимскиот дух, натпреварувачкиот дух и создавањето позитивни и незаборавни спортски спомени.
- Учеството во Јуниор куп е доброволно и не е задолжително.
- За учество на Јуниор куп, родителот/старателот треба да даде согласност и да ја пополни соодветната пријава.
- Со пополнување на пријавата за Јуниор куп, родителот/старателот се согласува да ја подмири сумата за опрема и учество на турнирите, во рокот и под условите претходно утврдени и доставени од организаторот.
- ОПРЕМА ЗА ТРЕНИНГ И УЧЕСТВО НА ЈУНИОР КУП
- Секој член на школата бесплатно добива една маичка со логото на школата од страна на организаторот.
- Членот може да нарача дополнителна маичка по цена од 450 денари.
- На почетокот на сезоната, организаторот ќе ги информира родителите/старателите за условите, опремата, роковите и начинот на пријавување и учество на Јуниор куп.
- Учеството на Јуниор куп не е задолжително и се реализира исклучиво со согласност од родителот/старателот.
- ФОТО И ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ
- Фотографиите и видео материјалите создадени во рамките на активностите на школото и Јуниор куп можат да се користат за информативни, промотивни и маркетиншки цели поврзани со проектот „Ракомет За Секое Дете“, школото, организаторот и партнерите на проектот.
- Со пополнување на пријавата, родителот/старателот потврдува дека е запознаен и се согласува со наведеното користење на фото и видео материјалите.
- ТОЧНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
- Родителот/старателот гарантира за точноста и целосноста на податоците внесени во пријавниот формулар.
- Родителот/старателот е должен да го информира организаторот за евентуални промени во податоците кои се од значење за учеството на детето во школото.
ЗАВРШНА ПОТВРДА
Со пополнување и испраќање на оваа пријава, потврдувам дека сум запознаен/а со условите за учество во Школото за ракомет ТОПКА, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, дека ги прифаќам наведените правила и услови и дека сум дал/а точни податоци за моето дете.
Потврдувам дека, според моето сознание, детето е здравствено способно да учествува во тренажниот процес, а доколку постои здравствена состојба, алергија, повреда или друго ограничување, за истото навремено ќе го информирам тренерот и/или координаторот на школата.
Се обврзувам редовно да ја подмирувам месечната членарина согласно наведените услови, до моментот на прекинување на членството.
* При престанок на членството, родителот/старателот е должен навремено да го информира координаторот на школата преку Вибер или СМС порака.
Спортски поздрав,
Горан Ѓоргоноски
Координатор на проектот
РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
Здружение Ракометен клуб ТОПКА
Бул. „Јане Сандански“ бр. 7/2, локал 18
Општина Аеродром, 1000 Скопје
Септември 2026 година