Ракометен камп "40х20" - Ракометниот терен е мојот свет!

Ракометот е моја голема љубов, уживам кога сум на ракометниот терен. Напорно работам за да научам нови работи, да се надоградувам и усовршувам во ракометната игра.

Но, исто така сакам да се дружам и забавувам, да запознавам нови другарчиња.

Добредојдовте на официјалната страна на ракометниот камп „40х20“, кој секое лето се одржува во Охрид, покрај брегот на најубавото езеро во светот – Охридското езеро. Кампот е наменет за момчиња и девојчиња од Македонија и странство, на возраст од 7-17 години.

Седум дена тренинг, надградба, едукација, часови по пливање, кајак, разгледување на прекрасниот Охрид и многу дружење и забава за секое дете од 7-17 години. Тренинзи со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари, тренерски и играчки гости од Македонија и странство. 

⏩Програмата Program[ENG] на ракометниот камп „40х20“ предвидува индивидуална работа на секој кампер со тренери кои се специјализирани за работа со деца од најрана возраст, деца на кои им е потребно поставување на правилна основа за понатамошен развој, идивидуални тренинзи со Мастер коуч тренери за надградба на техничко-тактички план и отстранување на недостатоците на секој кампер поединчно.

КОМПЛЕТНАТА ПОНУДА ЗА РАКОМЕТНИОТ КАМП „40х20“, КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 05 ДО 11 ЈУЛИ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК Ракометен камп „40х20“ 2026 ⏩ Handball Camp „40х20“ 2026

Се гледаме во Охрид!

Апликација за камп „40х20“

    Application for Camp „40х20“

      Контакт

      Горан Ѓоргоноски,
      координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

      (+389) 70 355 141

      info@rakometzasekoedete.mk

      Камп „40х20“

      © 2023 Created by Maksim Sarafimovski

      Приватност

      Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.