ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР СО г. ВЛАДАН ЈОРДОВИЌ ­– РАКОМЕТЕН КАМП „40х20“ Охрид 2024

Во насока на подигнување на квалитетот, проширување и надградба на знаењето на учесниците но и на тренерскиот кадар кој работи со младите ракометари во Република Македонија, организаторот на ракометниот камп „40х20“ со големо задоволство го најавува гостувањето на директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед (Унгарија), г. Владан Јордовиќ, во улога на тренер и предавач на еднодневниот бесплатен семинар.

За таа цел, како тренери кои работат во македонскиот ракомет, Ве покануваме да бидете наши гости на предавањето и практичната обука, во склоп на еднодневниот семинар, во организација на КМГ Спорт, агенција која го организира проектот Ракомет За Секое Дете и Ракометниот Камп „40х20“, како еден сегмент од истиот.

Организаторот на кампот, Ве поканува да бидете дел од бесплатен еднодневен семинар и заеднички ручек и дружење на сите тренери на семинарот. Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид (30.06-05.07.2024) и истиот ќе опфаќа предавање на специјалниот гостин и тренер на кампот, г. Владан Јордовиќ, заеднички ручек и дружење на сите тренери на семинарот и попладневен практичен дел. Семинарот е предвидено да се одржи на ден 04.07.2024 година (четврток) и е предвиден да биде реализиран во два дела:

· Првиот дел од семинарот е теоретски и ќе се реализира во конгресната сала на Хотел „Аквалина“ од 12 часот. Тема на предавањето: Трендови и систем на работа во млади возрасни категории во склад со моменталните тенденции на развој на сениорскиот ракомет.

· Вториот дел е практичен, индивидуален тренинг со одредена група на играчи по позиции, во насока на „исправување на недостатоци кај млад играч од технички аспект“ и истиот ќе се реализира во попладневните часови, на терените во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид.

Ручекот на сите учесници на семинарот е предвиден за 13.30 часот, во ресторанот на Хотел „Аквалина“.

Обврска на секој клуб или тренер е превозот до Хотел „Аквалина“ – Охрид, останатото е обезбедено од страна на организаторот.

Како врвен ракометен стручњак кој е задолжен за планирање и менаџирање, но и организација на тренинзите и натпреварите на младите категории кои припаѓаат на ракометната академија на еден од најбогатите и најдобрите европски ракометни колективи, Јордовиќ за време на одржување на кампот ќе одржи неколку групни и индивидулани тренинзи со различни возрасни групи на учесници на кампот, но планирано е и да реализира едно предавање и една панел дискусија за учесниците на кампот и тренерите кои ќе бидат дел од истиот.

Сите заинтересирани да го потврдат своето учество најдоцна до 01.07.2024 година (понеделник) на kmgsport1@gmail.com или на djorgon@yahoo.com или по порака на апликацијата Вибер на +389 70 355 141 (Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот Ракомет За Секое Дете).

Исто така, ги покануваме сите македонски тренери кои сакаат да бидат дел од кампот, да бидат присутни во Охрид, да допринесат за подигање на квалитетот на истиот, да видат во кои услови работи кампот и да го збогатат своето знаење во делот на ракометната игра. Добредојдени се сите!

Се гледаме во Охрид!

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.