Време е за РАКОМЕТ – стартува 6-тата сезона на „Ракомет За Секое Дете“

Од оваа сезона, „Јуниор Куп“ го отвораме и за школи и екипи надвор од проектот, за деца родени во 2017 година и помлади. Целта е децата од најрана возраст да имаат можност во текот на годината да одиграат доволен број натпревари, со што ќе се поттикнат нивната анимација, натпреварувачкиот дух и желбата за напредок, но и ќе се овозможи проверка и надградување на веќе стекнатите знаења.“ – додава Ѓоргоноски.

Со почетокот на новата учебна година стартува и шестата сезона на проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој и годинава продолжува со мисијата ракометот да им го доближи на најмладите.

„Време е за ракомет!“ е слоганот под кој ќе се одвива годинешната промотивна кампања, која во текот на септември ќе донесе низа активности на отворено, со демо-тренинзи и натпревари во мини и голем ракомет.

Целта е едноставна, што повеќе деца од 6 до 13 години да се запознаат со ракометот, да влезат во сала, да стекнат нови пријателства и преку игра и дружење да ги почувствуваат вредностите што ги носи спортот.

Активностите ќе се реализираат на повеќе локации во Скопје и Велес, каде што функционира проектот, а настаните ќе бидат отворени за сите заинтересирани деца. На тој начин, најмладите ќе имаат можност директно да учествуваат во тренинг и да почувствуваат како изгледа еден ракометен ден.

Ракометот во Македонија со години е спорт број еден, што го потврдуваат резултатите на клубовите и националниот тим. Но, не смееме да бидеме задоволни само со тоа. Ако сакаме ракометот да има иднина, мора да бидеме присутни таму каде што се децата, во маалата, парковите и на отворените игралишта.

Минатата година прашавме „Дали е некој за ракомет?“. Оваа година велиме: „Време е за ракомет!“. Време е децата да се вратат на спортот, на дружењето и во салите. Нашата цел е ракометот да им биде достапен и интересен на што поголем број деца, без разлика дали еден ден ќе станат врвни спортисти или ракометот ќе остане дел од нивното детство.“ – вели Горан Ѓоргоноски, основач и координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

Годинешната кампања доаѓа во период во кој дигитализацијата и променетиот начин на живот значително влијаат врз навиките на најмладите. Токму затоа, од проектот велат дека е неопходно спортот да се приближи до новите генерации, наместо да се очекува тие сами да го побараат.

– Навиките на децата се променија. Денес конкуренцијата за нивното слободно време е огромна и затоа спортот мора да најде начин да им стане повторно интересен. Нашата прва задача е да ги внесеме во сала, но уште поважно е да создадеме средина во која тие ќе сакаат да останат.

„Ракомет За Секое Дете“ не е проект чија основна цел е производство на репрезентативци. Ако од нашите редови излезе врвен спортист, секако дека ќе бидеме горди. Но, за нас успех е и дете кое ќе научи да функционира во тим, да ги почитува другите, да има дисциплина, да се дружи и да расте во здрава спортска средина. Тоа е вредноста која сакаме да ја создадеме. Од оваа сезона, „Јуниор Куп“ го отвораме и за школи и екипи надвор од проектот, за деца родени во 2017 година и помлади. Целта е децата од најрана возраст да имаат можност во текот на годината да одиграат доволен број натпревари, со што ќе се поттикнат нивната анимација, натпреварувачкиот дух и желбата за напредок, но и ќе се овозможи проверка и надградување на веќе стекнатите знаења.“ – додава Ѓоргоноски.

Проектот „Ракомет За Секое Дете“ започна во 2021 година и денес функционира преку три сегменти: школо за ракомет во Скопје и Велес, „Јуниор Куп“, турнирски систем во мини-ракомет, и меѓународниот ракометен камп „40х20“, кој секое лето се одржува во Охрид.

Во изминатите сезони, проектот низ своите активности опфати стотици деца, а преку школата, турнирите и кампот создаде можност најмладите да го запознаат ракометот и спортот на поинаков начин.

Време е за нова сезона. Време е за нови деца. Време е за ракомет!

Се гледаме во сала – повик до сите деца кои сакаат да трчаат, да играат, да се дружат и да бидат дел од еден тим.

gjorgon rzsd 1 1 | Ракомет за секое дете

Горан Ѓоргонски

Организатор на ракометниот камп „40х20“ и на проектот „Ракомет За Секое Дете

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.