НАСКОРО СТАРТУВА 6-ТА СЕЗОНА НА „ЈУНИОР КУП“ ТУРНИРИТЕ

Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме „Јуниор куп“ – турнирски систем на натпревари во мини-ракомет за членовите на нашата школа.

Веќе 6-та година по ред, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, организаторот на проектот го реализира ова натпреварување со цел:
✅ проверка на стекнатите знаења
✅ дружење и социјализација
✅ развивање на натпреварувачки дух кај децата

3 1 | Ракомет за секое дете

🎯 ЦЕЛТА НА „ЈУНИОР КУП“ ТУРНИРИТЕ?

Да се поттикнат децата на игра, фер-плеј и спортско однесување, без резултатски притисок и поделби на „победници“ и „најдобри“. На секој натпревар се води резултат, но по завршувањето се истиот се поништува, затоа што важен е трудот, а не резултатот!

ФОРМАТ НА ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ЈУНИОР КУП ТУРНИРИТЕ

  • Натпреварите се одржуваат во мини-ракомет (20х15 м.) или класичен ракомет (40х20 м.), во зависност од возраста и искуството. Времетраењето на натпреварите се во согласност на правилата и возраста на децата,
  • Секое дете планирано е да одигра минимум два натпревари на еден турнир.

📍 УЧЕСТВО И ЛОКАЦИИ

За сезона 2026/27 организаторот на проектот планира одигрување на вкупно 6 турнири (октомври ’26 – јуни ’27) од кои 5 во Скопје + 1 во Велес. Право на учество имаат сите членови на школата. Учество е на доброволна база, а приклучувањето кон турнирите може да се врши во текот на целата сезона. Нашето искуство покажува дека 95% од децата се пријавуваат!

Пријавувањето за турнирите се врши со пополнување на апликација за учество која ќе биде споделена во групата на родители на деца од школото за ракомет. За успешноста при пополнување на апликацијата, родителот ќе добие повратна порака на електронска пошта, која ќе биде оставена во апликацијата. При пополнување на апликацијата, секој родител треба да ги прочита правилата за учество на Јуниор куп турнирите.

ФЛАЕР СО ПОНУДА

👕 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Секој учесник треба да поседува соодветна опрема (дрес + шорц), како би можел да учествува на Јуниор куп тунририте.
Оваа опрема создава чувство на припадност, еднаквост и спортски дух меѓу децата.

ПАКЕТ – опрема + котизација за учество на турнирите Јуниор куп за сезона 2026/27

🎽 Вклучува: дрес + шорц + котизација за 6 турнири
💰 Цена: 3000 денари
🔹 Плаќање на 2 рати:

  • 2000 денари – пред почеток на првиот турнир (октомври ’27),
  • 1000 денари – почеток на февруари ’27.

Напомена: Секој член на школата кој сака да учествува на турнирите е обврзан да поседува соодветна опрема од школото за ракомет. Доколку при предавање на опремата, се констатира дека величината на опремата му е мала или голема, организаторот ќе ја замени со соодветна величина.

2 | Ракомет за секое дете

💳 НАЧИН НА УПЛАТА

Сметка: 250010302600195 (Шпаркасе банка АД Скопје)
Во опис на уплата наведете:
Име и презиме на детето + ЈУНИОР КУП + општина каде се одржуваат тренинзите

👨‍👩‍👧‍👦 Родителите се добредојдени на трибините, нивното однесување пред, за време и по турнирите е од огромно значење за децата.

„Јуниор куп“ – местото каде што децата учат, се дружат и растат преку ракометот.

gjorgon rzsd 1 1 | Ракомет за секое дете

Горан Ѓоргонски

контакт: 070/355-141

Организатор на ракометниот камп „40х20“ и на проектот „Ракомет За Секое Дете“

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКА, лига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.