Под слоганот „Дали е некој за ракомет?“ започнува новата сезона на „Ракомет За Секое Дете“  

Проектот „Ракомет За Секое Дете“, во организација на КМГ Спорт, ја најавува промотивната кампања под слоганот „Дали е некој за ракомет?“, со која ќе започне петтата сезона од реализацијата на истиот.

Кампањата опфаќа организација на настани со демо-тренинзи и натпревари во мини и голем ракомет на отворено, наменети за деца од 6 до 13 години. Настаните ќе се одржат на повеќе локации во Скопје и Велес, каде што засега функционира проектот, и ќе бидат од отворен карактер.

Целта на активностите е да се промовира ракометот како спорт кој со децении ја претставува Македонија на меѓународната сцена и да се мотивира најмладата генерација момчиња и девојчиња да се занимаваат со спорт, дружење и здрави навики.

Промотивната кампања ќе започне со стартот на новата учебна година и ќе трае во текот на месец септември – период кој симболизира нови почетоци и можности.

Проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој започна во 2021 година, се состои од три сегменти: школа за ракомет во повеќе населби во Скопје и во Велес, Јуниор Куп – турнирски систем во мини-ракомет, меѓународен ракометен камп „40х20“, кој ова лето ќе го одбележи своето јубилејно петто издание во Охрид со учесници од земјата и странство.

Со оваа иницијатива, „Ракомет За Секое Дете“ продолжува како општествено одговорен проект посветен на развојот на спортот, социјализацијата и здравиот раст и развој на децата.

КМГ Груп Спорт,

Организатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.