🏆 НАСКОРО СТАРТУВА 5️⃣-ТА СЕЗОНА НА „ЈУНИОР КУП“ ТУРНИРИТЕ!

Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме „Јуниор куп“ – турнирски систем на натпревари во мини-ракомет за членовите на нашата школа.

Веќе 5-та година по ред, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, организаторот на проектот го реализира ова натпреварување со цел:
✅ проверка на стекнатите знаења
✅ дружење и социјализација
✅ развивање на натпреварувачки дух кај децата

🎯 ЦЕЛТА НА „ЈУНИОР КУП“ ТУРНИРИТЕ?

Да се поттикнат децата на игра, фер-плеј и спортско однесување, без резултатски притисок и поделби на „победници“ и „најдобри“. На секој натпревар се води резултат, но по завршувањето се истиот се поништува – важен е трудот, не резултатот!

ФОРМАТ НА НАТПРЕВАРИТЕ

  • Натпреварите се одржуваат во мини-ракомет (20х15 м.) или класичен ракомет (40х20 м.), во зависност од возраста и искуството. Времетраењето на натпреварите се во согласност на правилата и возраста на децата,
  • Секое дете одигрува минимум два натпревари по турнир.

📍 УЧЕСТВО И ЛОКАЦИИ

Планирани се 5 турнири (ноември ’25 – јуни ’26) од кои 4 во Скопје + 1 во Велес, а право на учество имаат сите членови на школата. Учество е доброволно, но искуството покажува дека 95% од децата се пријавуваат!

ВАЖНО: Родителите кои не сакаат нивното дете да учествува, треба да го најават неучеството преку Вибер порака на 📞 070/355-141 – Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“

Величините за опрема за учество на „Јуниор куп“ турнирите ќе се превземаат од величините на маичките кои ги добиле (или ќе ги добијат) децата како членови на школата.

FLAER OPREMA PONUDA 2025 2026 | Ракомет за секое дете

👕 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Секој учесник мора да има соодветна опрема (дрес + шорц).
Оваа опрема создава чувство на припадност, еднаквост и спортски дух меѓу децата.

ПАКЕТ 1 – опрема + котизација за учество на турнирите

🎽 Вклучува: дрес + шорц + котизација за 5 турнири
💰 Цена: 2300 денари
🔹 Плаќање на 2 рати:

  • 1700 денари – пред почеток на првиот турнир,
  • 600 денари – почеток на февруари ’26.

🟨 ПАКЕТ 2 – само котизација за учество на турнирите (за децата кои веќе имаат опрема)

🤾‍♂️ котизација за 5 турнири
💰 Цена: 1000 денари
🔹 Плаќање на 2 рати:

  • 400 денари – пред почеток на првиот турнир,
  • 600 денари – почеток на февруари ’26.

Напомена: Секој член на школата кој сака да учествува на турнирите е обврзан да поседува соодветна опрема.

💳 НАЧИН НА УПЛАТА

Сметка: 250-0101026495-36 (Шпаркасе банка АД Скопје)
Во опис на уплата наведете:
Име и презиме на детето + ЈУНИОР КУП + општина каде се одржуваат тренинзите

👨‍👩‍👧‍👦 Родителите се добредојдени на трибините – нивното однесување пред, за време и по турнирите е од огромно значење за децата.

„Јуниор куп“ – местото каде што децата учат, се дружат и растат преку ракометот.

Доколку се потребни дополнителни информации, стоиме на располагање.

Горан Ѓоргоноски,

Координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“

Ракомет за секое дете

КМГ Груп Спорт е основач и организатор на проектот Ракомет За Секое Дете, кој го сочинуваат три сегменти: школа за ракомет ТОПКАлига во мини ракомет Јуниор Куп и ракометен камп „40х20“.

Последни новости

Категории

Контакт

Горан Ѓоргоноски,
координатор на проектот Ракомет За Секое Дете

(+389) 70 355 141

info@rakometzasekoedete.mk

Камп „40х20“

© 2023 Created by Maksim Sarafimovski

Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.