Минатата година, пријавувањето заврши за само неколку часа!!!, а интересот и оваа година е на високо ниво, и се очекува местата за учество да се пополнат за екстремно краток временски период. За таа цел, организаторот на кампот го најавува стартот на пријавувањето, кое е предвидено за (18.02.2026 година) од 12 часот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од истиот.
Под мотото „Седум дена ракомет – повеќе тренинг, повеќе дружење и насмевки“ организаторот на ракометниот камп „40х20“ го најавува петтото, јубилејно издание на кампот, кој традиционално се одржува во балканскиот бисер, Охрид. Кампот е посветен на развојот на младите ракометари и создавање средина во која децата учат, напредуваат и ја градат својата љубов кон ракометот.










Новина оваа година е дека кампот трае 7 дена, што на сите учесници им овозможува повеќе тренинг, повеќе индивидуален пристап, повеќе простор за напредок и повеќе насмевки. Кампот е отворен за деца од 7 до 17 години, а во претходните четири изданија учествувале над 400 млади ракометари од Македонија, Србија, Шведска, Норвешка, Турција и други земји.
Тренерскиот тим ќе биде составен од најдобрите македонски тренери за млади категории, како и искусни гости од Германија, Шведска и Србија, додека учесниците ќе имаат можност да тренираат и да се сретнат со најдобрите македонски ракометари и ракометарки.
Препознавајќи го квалитетот на кампот, но и посветеноста на тимот кој го организира истиот, минатата година интересот на родителите и децата беше на многу високо ниво. Горан Ѓоргоноски, во улога на менаџер на агенцијата која е организатор на кампот, но и основач и координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“ ги пренесува плановите за претстојниот камп во Охрид:
-„Минатата година кампот се пополни за само неколку часа, интерес за која јас сеуште не сум слушнал или забележал, на друго место. Тоа покажува дека во Македонија ракометот е навистина популарен, но покажува и дека ние како организација создадовме проект кој е високо позициониран. Секако, нашата амбиција е секоја година да бидеме поквалитетни, а програмата да биде посодржајна. Имајќи предвид дека имаме деца кои се присутни на секое издание од стартот на овој проект, во 2022-ра година, ние како организација буквално растеме заедно со нашите кампери“ – изјави Ѓоргоноски.
Како содржина на кампот, посебно внимание се обрнува на индивидуалниот пристап во работата со учесниците од повозрасните групи, работа во мали групи, поделени според позицијата која ја практикуваат во ракометот. Тоа го прави овој камп уникатен, многу квалитетен и продуктивен. Но, на кампот во Охрид нема само ракомет. Содржината е обемна и прилагодена на возраста на одредени групи на деца.
-„Се трудиме да понудиме содржина која е прилагодена на секој кампер, според возраста и ракометното искуство на истиот. Единствената забелешка од камперите и нивните родители, минатата година, беше времетраењето на кампот. За таа цел, оваа година, наместо шест, кампот ќе трае седум дена, што ќе овозможи повеќе тренинг, повеќе можности за индивидуален напредок, повеќе дружење, забава и конечно повеќе насмевки на лицата на нашите кампери. Како мисија на овој проект “ – заврши Ѓоргоноски.
Минатата година, пријавувањето заврши за само неколку часа!!!, а интересот и оваа година е на високо ниво, и се очекува местата за учество да се пополнат за екстремно краток временски период. За таа цел, организаторот на кампот го најавува стартот на пријавувањето, кое е предвидено за (18.02.2025 година) од 12 часот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од истиот. Истовремено, организаторот потенцира дека, имајќи предвид дека кампот има интернационален предзнак, интересот и на децата од странство е зголемен и се очекува учество на повеќе деца од Шведска, Србија, Шпанија и останатите земји од регионот и цела Европа.
Се гледаме во Охрид!

Горан Ѓоргоноски,
КМГ Груп Спорт
Организатор на ракометниот камп „40х20“ и проектот „Ракомет За Секое Дете“т За Секое Дете“


