05 – 11 Јули 2026 година , Охрид – Република Македонија
Под мотото „Седум дена ракомет – повеќе тренинг, повеќе дружење и насмевки“, ракометниот камп „40х20“ оваа година прави чекор повеќе во заедничкото растење и со гордост го најавува петтото, јубилејно издание, притоа продолжувајќи го времетраењето на истиот за плус еден ден!
По четири исклучително успешни изданија, кампот „40х20“ во Охрид расте заедно со децата и нивната љубов кон ракометот. Токму затоа, оваа година програмата е проширена на 7 полни денови исполнети со ракомет, тренинг, едукација, дружење и незаборавни моменти.
Во периодот од 05 до 11 јули 2026 година, на брегот на Охридското Езеро, во комплексот на хотелот „Десарет“, ќе се одржи петтото издание на ракометниот камп „40х20“, камп кој е целосно посветен на развојот на младите ракометари и создавање средина во која децата учат, напредуваат и ја градат својата љубов кон ракометот.
7️⃣ (седум) дена тренинг, едукација и забава
Ракометниот камп „40х20“ нуди седумдневна, целосно организирана програма која вклучува тренинг, надградба и едукација, како и часови по пливање, организирано разгледување на убавините на Охрид, street handball и многу дружење и забава.
Кампот е наменет за деца и млади на возраст од 7 до 17 години. Тренинзите се реализираат со најдобрите македонски тренери, врвни ракометари, како и тренерски и играчки гости од странство.
Програмата на ракометниот камп „40х20“ предвидува:
- работа со тренери специјализирани за работа со деца од најрана возраст, со цел поставување правилна и цврста основа за понатамошен развој,
- индивидуални тренинзи со мастер-коуч тренери, насочени кон надградба на техничко-тактичкиот план и корекција на индивидуалните недостатоци на секој кампер.
- посета на кампот и камперите од страна на најдобрите некогашни и сегашни македонски ракометари и ракометарки.












Сместување и тренинг програма
Учесниците на ракометниот камп „40х20“ ќе бидат сместени во хотелот „Десарет“ – Охрид, на атрактивна локација на самиот брег на Охридското Езеро.
Сместувањето е организирано на база полн пансион (појадок, ручек и вечера) на шведски стол, со разновидна и балансирана понуда прилагодена на потребите на деца и млади спортисти.
Во текот на седумте дена, хотелот обезбедува одлични услови за реализација на комплетната тренинг програма на тренерскиот тим, со:
🏟️ сопствени спортски и тренинг терени
🏖️ приватна плажа
🏊♂️ базен на располагање за рекреација и освежување
Комбинацијата од квалитетно сместување, соодветна исхрана и врвни услови создава идеална средина за напредок, дружење и незаборавно камп-искуство за секој учесник.





Комплет систематски преглед и медицинска поддршка во соработка со Клиника „Жан Митрев“
Посебно внимание се посветува на грижата за учесниците уште пред почетокот на кампот, преку навремена и континуирана комуникација со родителите, како и преку детална организација на сите активности. За време на одржувањето на кампот, безбедноста, здравјето и благосостојбата на учесниците се постојано под надзор на стручен и одговорен тим.
Следствено на тоа, учесниците од Македонија, пред одржување на кампот, ќе подлежат на комплетен медицински преглед. За време на кампот е обезбедена целосна медицинска поддршка, со медицински лица од нашиот медицински партнер, Клиника „Жан Митрев“ кои ќе бидат 24 часа на располагање за здравјето и безбедноста на секој учесник.






Комплет спортска опрема за секој учесник
Секој учесник на ракометниот камп „40х20“ добива официјален комплет спортска опрема, наменета за реализација на тренинг програмата, престој во хотелот и слободните активности.
Комплетот вклучува:
- 👕 тренинг дресови
- 🩳 тренинг шорцеви
- 👜 спортска торба
- 👕 опрема за престој во хотел, оброци и слободно време
Опремата е дел од официјалниот дрес-код на кампот, кој сите учесници се должни да го почитуваат, со цел функционирање како еден тим, во кој сите деца се еднакви, со заеднички идентитет и тимски дух.




Предавања на врвни македонски и странски експерти
За време на ракометниот камп „40х20“ се одржуваат повеќе предавања, насочени кон едукација на младите учесници во следниве области:
- правилна спортска исхрана,
- спортска психологија,
- спортски бон-тон,
- правилно однесување како дел од тимот и тимска соработка.
Предавањата ги водат врвни македонски и странски експерти, со цел да им обезбедат на камперите знаења и вештини кои ќе ги користат во спортот и во секојдневниот живот, зајакнувајќи ги како личности и како тим.




Превоз за секој учесник на кампот
Организаторот на ракометниот камп „40х20“ е обврзан да обезбеди организиран и безбеден превоз за секој учесник кој живее или пред старт на кампот се наоѓа во Република Македонија.
Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад, со лиценцирани превозници и соодветна придружба.
Безбедноста на децата е на прво место, а превозот е организиран така што сите учесници патуваат заедно, како еден тим, од самиот почеток па сè до крајот на кампот.
Дружење, разгледување на Охрид, Street handball, часови по пливање и кајак
Во текот на ракометниот камп, покрај двојната доза индивидуални и групни тренинзи, учесниците ќе имаат можност да уживаат во богата и разновидна дополнителна програма.
Камперите ќе учат пливање и кајак, ќе се дружат и забавуваат со деца од цела Македонија и странство, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе создаваат спомени кои се паметат цел живот.
Дополнително, преку организирани активности и возење со брод по Охридското Езеро, учесниците ќе имаат можност да го запознаат и доживеат Охрид, градот кој со право важи за еден од најубавите бисери на Балканот.







Комплетно осигурување за секој учесник на кампот
За секој учесник на ракометниот камп „40х20“ е обезбедено комплетно осигурување за целото време на кампот. Осигурувањето ги покрива сите активности на кампот, обезбедувајќи безбедност и мирна совест за учесниците и нивните родители.
Сертификат за секој учесник на кампот
Секој учесник на ракометниот камп „40х20“ ќе добие сертификат за учество, како спомен и потврда за едно квалитетно и незаборавно поминато време на кампот.
Сертификатот е знак на постигнувањата, трудот и искуствата стекнати за време на кампот, и високо вреднување на учеството на секое дете.







Цена и услови на плаќање
Цената за учество на ракометниот камп „40х20“ изнесува 25.990 денари, со можност за плаќање на повеќе рати, во зависност од датумот на пријавување.
Можност за плаќање на 6 (рати) рати:
Ова важи за пријави поднесени до 25 Февруари 2026 година, со следниот распоред:
✔️Прва рата: 5.990 денари, во рок од 7 дена по поднесувањето на пријавата
✔️Втора рата: 4.000 денари, од 15-ти до 20-ти Март 2026 година
✔️Трета рата:4.000 денари, од 15-ти до 20-ти Април 2026 година
✔️Четврта рата: 4.000 денари, од 15-ти до 20-ти Мај 2026 година
✔️Петта рата: 4.000 денари, од 15-ти до 20-ти Јуни 2026 година
✔️Шеста рата: 4.000 денари, од 1-ви до 4-ти Јули 2026 година.
Забелешки:
- Пријавувањето за петтото издание на ракометниот камп „40х20“ стартува на 23.02.2026 година (понеделник) од 12 часот.
- Со пријавувањето на кампот, родителот се согласува со условите на кампот.
- По успешно пополнување на пријавата, ќе добиете автоматска потврдна порака на е-поштата наведена во апликацијата за учество.
- За секое откажано учество по 1 мај 2026 година, организаторот ја задржува првата рата.
- Имајќи предвид големиот интерес за учество минатата година и најавите за овогодинешното издание, секоe место се потврдува со уплата на првата рата и согласност со условите за учество.
- Ако првата рата не се изврши навреме, организаторот не може да гарантира обезбедување на место за учество на кампот.
За повеќе информации контактирајте не на +389 70 355 141 Горан Ѓоргоноски и на kmgsport1@mail.com. Сите заинтересирани за учество на кампот може да се пријават на следниот линк (Напомена: апликацијата за пријавување ќе биде активна од денот кога стартува пријавувањето).
Се гледаме во Охрид!

КМГ Груп Спорт
Организатор на ракометниот камп „40х20“ и на проектот „Ракомет За Секое Дете“


